Get Adobe Flash player
Mercedes вози со хибрид и систем старт/стоп
12.07.2007
s-hibridСребрената ѕвезда одлучи да го следи BMW со подготовка на благ-хибрид и систем старт/стоп. Сето ова ќе биде на располагање во некои од најпопулраните модели на Мercedes.

Официјалните лица од Mercedes истакнуваат дека првиот модел што ќе ја понесе еколошката технологија ќе биде Smart Fortwo Micro-Hybrid и ќе стигне до купувачите до крајот на годината. Тeхнологијата набрзо ќе доплови и до останатите модели на Mercedes.

Системот стсрт/стоп овозможува моторот да се изгаси додека стои во метеж или на семафор и веднаш го стартува кога ќе се притисне педалот за гас. Во Mercedes тврдат дека ова ја намалува потрошувачката за 13 проценти за време на голем метеж.

Според нив технологијата е тука и е прашање на време кога целата гама на Mercedes ќе биде опремена. А првиот хибрид од Мercedes ќе го видиме на салонот во Франкфурт, тоа ќе биде S класа со V6 и електричен мотор.

 

 

 

Facebook