Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Месарски гигант ќе произведува дизел од свинска маст
07.05.2007
tyson_headquarters.standardДва гиганта, едниот месар, другиот енергетичар, почнаа проект за добивање на нафта од свинска маст. Со горивото ќе се покрие потрошувачката на возниот парк на месопреработувачот за следните 3,5 години.


Американските фирми Tyson Foods и ConocoPhillips ќе произведуваат околу 175 милиони галони биодизел годишно. Минатата година сите производители на биодизел во САД заедно произведоа околу 250 милиони галони биодизел.

Ние го реплицираме тоа за што на мајката природа и се потребни две милијарди години”, вели Џеф Вебстер од одделението за обновливи извори на енергија на Tyson Foods. Биодизелот од свинска маст се разликува од останатите горива на пазарот во САД. Вообичаените деривати од нафта како етанол или биодизел мора да се мешаат. Новото гориво во хемиски и молекуларен состав е идентичен со стопроцентен дизел.

Производството на новото гориво ќе почне во 2009 година.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook