|
Импортерот на Ford за Македонија, Mi-Da Motors, го збогатува своето име и станува Mi-Da Grand Motors. Grand e првото име на стратешкиот партнер Grand Automotive од Израел.

Grand Automotive е компанија со огромно искуство во автомобилската индустрија, присутна e и во државите од Балканот и е дел од холдингот Taavura, кој пак, е дел од една од најголемите бизнис групации во Израел, IDB со актива од над 35 милијарди долари.
Новата компанија Mi-Da Grand Motors е мешовито претпријатие основано од Grand Automotive и Марјан Миновски сопственик на Mi-Da Motors. Grand Automotive го има управувачкиот пакет акции во новата компанија, а Миновски покрај соосновач, е и претседател во новата фирма и член на Управниот Одбор.
По повеќе од 20 години успешно работење на Mi-Da Motors на македонскиот пазар, дојде време за вклучување на партнер во работењето на компанијата, со цел да се унапреди бизнисот, да се даде дополнителен импулс во проширување, вмрежување со компании од околината, пренесување на искуства, воведување на унифицирани услуги и зголемување и збогатување на пакетот на производи и услуги.
По период на преговори беше постигнат договор со Grand Automotive од Израел, компанија со огромно искуство во автомобилскиот бизнис и со водење бизнис на Балканот. Grand Automotive е подолго е присутен на пазарите во Србија, Хрватска, Албанија и Косово и преку здружување на фирмите од поголем регион, сите овие помали пазари добиваат статус на голем пазар и стекнуваат голем потенцијал за продажба на нови автомобили. Со тоа доаѓаат и бенефиции во однос на цената на производите и услугите.
Во годините што следат Mi-Da Grand Motors ќе се развива не само во насока на проширување на својата продажна и сервисна мрежа, туку и со воведување на нови марки на нашиот пазар кои што веќе се присутни во сестринските компании во соседството.
Според генералниот директор на Mi-Da Grand Motors, Дарко Димовски, она што посебно воодушевува е што сите иновациски достигнувања на новите модели на Ford, сега многу побрзо и што е најважно со подобри цени и со поголеми бенефиции ќе бидат понудени во Македонија.
Со ова стратешко поврзување се очекува раст на продажбата и зголемување на уделот на пазарот. Приоритетот на компанијата, како и досега е задоволни купувачи, особено во пост продажните услуги, кои ќе профитираат од искуствата на Grand Automоtive и ќе ги исполнат потребите на македонскиот купувач.
|