|
05.06.2007 |
Michelin во соработка со фирмата Babolat разви тениска патика. Елементите во профилот имаат форма на капсула со различна големина и длабочина и различно се распоредени по ѓонот.
Слично како кај болидите од светскиот шампионат во рели овие делови во профилот од една страна го подобруваат контактот со подлогата, а од друга дозволуваат контролирано лизгање по теренот. Американскиот тениски професионалец Енди Родик игра со овие патики со ѓон што е развиен од техничарите на Michelin.
|