|
23.03.2009 |
Голем јубилеј за Toyota. За 15
години колку што светскиот гигант произведува
автомобили во Турција успеа да ја достигне бројката од 1 милион произведени примероци.
Милионитиот автомобил на Toyota којшто е
произведен во Турција, е примерок од третата генерација на моноволуменот Toyota
Verso.
Производството на Toyota во Турција стартуваше пред точно 15 години во далечната 1994. Денес во
фабриката на Toyota се вработени 3.000 работници кои ги произведуваат моделите
Auris и Verso.
Од Toyota планираат годинава да произведат 55.000 примероци од
третата генерација на Verso која е наменета за европскиот пазар. Продажбата на Verso
на Стариот континент стартува во април.
|