Get Adobe Flash player
Милионче глоба за брзо возење
12.08.2010

Случката е реална и е добар пример за се што може да ви се случи во Швајцарија доколку одлучите да возите со брзина од 290 km/h. Казните се енормни, а приота ќе останете и без скапоцениот автомобил.

sls-amg-vo-pritvor-2010-1

Имено на Швајцарец на возраст од 32 години чие име не се споменува од страна на полицијата му се конфискувани: возачката дозвола и автомобилот, а протиоа му е изречена казна во висина од околу 1 милион долари.

Тој го возел својот нов Mercedes SLS AMG со брзина од 288 km/h колку што покажал полицискиот радар по автопатот А12 кој ги поврзува швајцарските градови Берн и Лозана каде ограничувањето на брзината е 120 km/h.

Само по неколку минути откако тркачов ја достигнал посакуваната брзина повеќе полициски автомобили му го блокирале патот и го принудиле да сопре, а последица се горе наведените санкции.

Според законите во Швајцарија висината на казната е во директна зависност од заработката на личноста. Што укажува дека 32 годишниот Швајцарец бил доста успешен па висината на глобата од 1 милион долари нема да претставува преголем товар за него. Впрочем и автомобилот го кажува тоа.

Јасно е дека сторителот е запознаен со швајцарските закони, но очигледно е дека задоволството што го причинува SLS AMG при возење е многу поголемо од баснословната казна кој неколку пати ја надфрла и цената на автомбилот.

 

 

 

Facebook