Денес 26 август всушност е денот на 50 годишнината на Mini иако
производителот ја слави безмалку во текот на целата година со претставување на разно
разни специјални едиции.
Сепак шлагот одговорните во Mini го
чуваа за крај. А тој доаѓа во форма на два комплетно нови концепти купе и
родстер. Првото светлото на денот ќе го здогледа на салонот во Франкфурт.
Информацијата дека Mini подготвува купе и родстер протече уште минатата седмица, а денес токму на
роденденот официјално пристигнува Mini
Coupe Concept како што гласи полното име на новиот автомобил.
Без оглед што од Mini го најавуваат како концепт се чини дека автомобилот е подготвен веднаш да
влета во сериско производство за што искрено се надеваме дека ќе се случи
мнооогу брзо.
Информацијата која најмногу ги интересира автомобилските
поклоници е што се сокрива под хауба. Најмоќниот мотор во гамата на Mini
доработен во John
Cooper Works.
Бензинецот од 1.6 литри со twin-skroll турбо
полнач како што е познато остварува 211 КС и има има максимален вртежен момент
од 260 Nm кои со помош на овербуст на моменти сконува до вредноста од 280 Nm.
Покрај моќниот мотор новото купе на Mini од John Cooper Works ги позајмува и сите модификации на суспензијата и сопирачките со кои
моделите на британскито производител се претвораат во бомби на четири тркала
спремни да гризаат на патека.
Mini
Coupe Concept е создаден на основата на обичниот Mini, но
има ново дизајниран кров кој хечбекот го претвора во купе. Изработен од
алуминиум кровот во форма на купола го снижува тежиштето на автомобилот
придонесувајќи за поголема стабилност и вртоглаво возбудливи динамички
карактеристики.
Од Mini
истакнуваат дека покрај измените на кровот и на задната
врата купето носи и посебно дизајнирани преден и заден браник, прагови со отвор
за довод на ладен воздух до задните сопирачки и поголеми испакнувања на арките
над тркалата.
Широките испакнувања на арките дополнително го
нагласуваат агресивниот стил, додека дифузорот вкомпониран во задниот браник се
грижи за течен проток на воздухот без создавање на вртлози под и зад
автомобилот со што се подобрува аеродинамиката, но и потисокот врз подлогата.
Предната маска и хаубата се идентични со оние на Mini Copper S, а нема измени ниту кај предните и задните светла. Mini Coupe Concept сеуште е мал автомобил кој во должина мери 3.714 mm, широк
е 1.683 mm, a висок е 1.356
mm.
Кабината е комплетно е обложена со луксузни материјали
меѓу кои преовладуваат кожа и алкантара. Детали како штоперица поставена покрај
бројачот на вртежи само го дополнуваат имиџот на комплетен спортист.
Покрај што е спортки настроен овој Mini купе
покажува и практична примена. Имано багажникот сместен зад возачот и совозачот
сега има волумен од 250 литри доволно за викенд за двајца.
И таман се загреавме одговорните од Mini не
оладуваат. Перформансите и останатите технички карактеристики ги оставаат за по
светската премира каде ќе обелоденат и кога Mini Coupe Conceрt ќе се
појави на пазарот и секако неговата цена.
|