Get Adobe Flash player
Mini ги освежува жешките верзии
14.05.2010

Без оглед на вниманието посветено да се сокријат модернизираните Cooper S и Cooper S Clubman жешките верзии на Mini се појавија на интернет уловени на тестирање далеку пред премиерата.

mini-facelift-2010-1

Изворот на шпијунските фотографии тврди дека моделите на Mini се наоаѓаат во завршна фаза на тестирање и дека светската премиера е закажана за средина на годината, а на есен би требало да стартува и продажбата.

Јасно е дека се работи за благ фејслифт бидејќи поголемиот дел од автомобилот фатен од објективот, во случајот Mini Cooper S, е откриен, а камуфлиран е само предниот браник кој би требало да има поголеми отвори за воздух.

Новини има и кај предните светла, светлата за магла, задниот браник и задните светла на Mini. Внатрешноста сеуште е добро сокриена, но и таму се очекуваат измени пред се во поглед на материјалите, а помалку во дизајнот.

Најголемите измени во модернизираниот Mini се сокриваат под ламарината. Се очекува подобрување на подвозјето и моторите кои би требало да бидат позелени за да ги задоволат еколошките норми Euro 5.

 

 

 

Facebook