Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mini Paceman влегува во серија
05.01.2012

Mini годинава ја зголемува својата понуда и во серија испраќа уште еден модел. Станува збор за концептот Paceman најавен како Sports Activity Coupe, прв ваков модел меѓу малите автомобили.

mini-paceman-1-2012-1

Премиерата на концептот Mini Paceman се случи минатата година на салонот во Детроит, а годинава на исто место ќе се појави сериската верзија. Mini Paceman е поставен на основата на Mini Countryman, но без задни врати.

Идејата е да се следи трендот што го започна BMW со X5 и X6 и да се добие спортска изведба на новиот мал кросовер. Ако е за волја на вистината Mini Paceman навистина личи поспортски од донаторот на платформата.

Покрај двете големи странични врати Paceman е и понизок и поширок, има набабрени крила и затоа делува поагресивно од Countryman, а според одговорните, Paceman ја претставува главната нишка во ДНК на Mini.

Под хаубата на Paceman ќе работи 1.6 литарскиот турбо бензинец доработен во спортското одделение John Cooper Works кој испорачува 211 КС и максимален вртежен момент од 280 Nm кои се доволни за лути перформанси.

Погонот е постојан на сите четири тркала преку системот ALL4 кој рамномерно го распределува вртежниот момент меѓу оските, а во нужда целосно го испраќа кон задната оска.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook