Get Adobe Flash player
Mini Roadster Concept
16.09.2009
mini-roadster-concept-1.jpgВо Франкфурт покрај најавениот концепт на Coupe, Mini го претстави и неговиот отворен брат Roadster Concept. Без оглед што е претставен како концепт Mini Roadser наскоро влегува во серија.

При првиот поглед на автомобилот ведаш станува јасно дека Mini Roadster ги наследува дизајнерските смерници поставени кај купето не напуштајќи ги препознатливите линии карактеристични за марката.

Спортски ориентираниот дух на Mini Roadster го поткрепува познатиот 1.6 литарски турбо бензинец со 175 КС, но тука се и подобрувања како подобра распределба на тежината предна/задна оска со што е постигнато уште понеутрално однесување во свијоци и помала тежина со што е зголемен соодност на коњски сили на килограм.

Воедно Mini Roadster и Mini Coupe ќе нудат систем што навистина ќе ги одушеви возачки настроените сопственици. Се работи за копче оверебуст преку кое нагло се зголемува вртежниот момент и тогаш Mini престигнува додека трепнеш.

Покрај возачкото целта на родстерите е да овозможат и визуелно доживување. Затоа внатрешноста на Mini Roadster е преслечена во кожа. Двобојна кожа е користена за раматурата и за седиштата кај кои седечката површина пак нуди ткаенина со уникатен дизајн.

Каросеријата добива две полни линии обоени во темно златна боја во која се обоени и ретровизорите, но и детали во кабината, а тука се и детали како ново дизајнираните леснометални бандажи, дополнителните отвори за воздух и капаче за бензин.

Кровот како во најдобрата традиција на градењето родстери е од ткаенина и се отвора и затвора рачно. Без оглед на отворениот кров безбедноста Mini Roadster ја постигнува со сокриен ролбар кој излегува во случај на незгода.

Практичноста не е голема доблест на отворените автомобили, но Mini Roadster нуди пристоен багажен простор од 250 литри доволно за двајца за на викенд со голем отвор до кој се доаѓа со преклопување на седиштата за превоз на долги предмети како скии или пак чадор за на плажа.

Но, кога се во прашање родстерите тоа и не е толку битно. Битно е да се разбудат сетилата штом ќе се здогледа отворениот убавец на четири тркала без оглед дали сте негов среќен сопственик, или пак, само случаен минувач.

 

 

 

 

Facebook