|
Сопствениците и љубителите на Mini во Македонија веќе имаат сосптвено катче каде можат да се собираат, дружат, да споделуваат интересни моменти и да планираат заеднички авантури.

Првиот клуб на Mini во Македонија е скроен по примерот на останатите клубови на британската марка низ светот. Целта е да се промовираат посветеноста кон Mini и на едно место да се соберат сите љубители на марката кај нас.
„Со формирањето на клуб на Mini, сопствениците ќе добијат место каде ќе може да разменуваат искуства, да дознаваат нови трикови за подобри перформанси и поголемо уживање, да чујат корисни информации за поквалитетно сервисирање и одржување на своите миленици.”
„Сепак, дружењата на членовите нема да се сведат само на собири во затворен простор. Ќе се реализираат и многу случувања на отворено и уште поважно, нема да се организираат активности кои ќе да бидат наменети само за членовите, туку ќе правиме и настани што ќе го разбудат интересот и на целата македонска јавност што ќе предизвика ширење на Mini заедницата во Македонија,” изјави Ристо
Начевски, менаџер за продажба на Mini во Македонија.
Формирањето на клубот се реализира со поддршка на Маккар, застапникот за Mini во Македонија, кој на членовите на клубот им обезбеди и простор во својот салон каде во иднина би се одржувале редовните состаноци.
|