Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mini учи да биде штедлив
28.05.2007
mini_1Mini ги направи сите модели за 2008 годиште поштедливи. За таа цел малиот Британец претрпе неколку технички модификации. Тоа секако не влијае на динамичниот настап на Mini.


Од август 2007 сите модели на Mini со исклучок на кабриолетот ќе добијат систем за повраток на енергијата при соипирање, како и функција старт-стоп и сигнал што препорачува кога е оптимален момент да се промени степенот на пренос.

Со овие промени Mini Cooper D ќе има просечна потрошувачка од 3,9 литри на 100 километри. Cooper S со 175 KС ќе се задоволи со 6,2 литри на 100 километри, обичниот Cooper со 120 КС во просек ќе поминува 100 километри со 5,4 литри, а Mini One со 5,3 литри.

И покрај техничките новитети цените на Mini нема да се менуваат. Во понудената опрема за моделот за 2008 година спаѓаат уште темпомат, шестстепен менувач и УСБ приклучок со функција bluetooth за поврзување со надворешни извори на звук - сето тоа со доплата.


 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook