Get Adobe Flash player
Mitsubishi ASX доаѓа на пролет
20.01.2010

Компактниот кросовер кого Mitsubishi официјално го најави кон средина на минатата година под името RVR наскоро пристигнува на пазарот, а за во Европа ќе го носи името ASX.

mitsubishi-asx-2010-1

На најновите фотографии е претставена верзијата наменета за европскиот пазар која во детали се разликува од веќе претставената верзија RVR наменета за пазарот во Јапонија.

Европскиот ASX за разлика од RVR однадвор се разликува по црната пластика на предниот и на задниот браник и праговите, по шините на кровот кои ќе се испорачуваат сериски од основното ниво на опременост и по трепкачите интегрирани во надворешните ретровизори.

Во се останато Mitsubishi ASX ќе биде ист со RVR, а тоа значи дека кросоверот е поставен на платформата на Lancer, го задвижува новиот 1.8 литарски трубо дизел со систем Старт/Стоп кој ги задоволува новите норми Euro 5.

Снагата до сите четири тркала, или пак, само до предните се пренесува преку шест степен мануелен менувач.

Компактниот кросовер ASX е позициониран под Outlander и светската премиера ќе ја доживее на салонот во Женева во март кога стартува и продажбата во Европа. Верзијата RVR ќе се појави на пазарот во Јапонија веќе следниот месец.

 

 

 

Facebook