Get Adobe Flash player
Mitsubishi Concept PX-MiEV
02.10.2009
mitsubishi-concept-px-miev-1.jpgMitsubishi сериозно се подготвува за салонот во Токио, а акцентот се става на наследниците на i-MIEV генерацијата на зелени автомобили од кои највпечатлив ќе биде концептот на plug-in SUV.

Според информациите кои доаѓаат од Mitsubishi концептот PX-MiEV располага со хибриден систем кој ќе му овозможи во просек да мине повеќе од 50 километри со еден литар гориво или да троши помалку од 2 литри на 100 изминати километри.

Потрошувачка која денес ниту од далеку неможе да се врзе со еден SUV кој во должина мери 4.510 mm, широк е 1.830 mm и висок е 1.655 mm. Со меѓуоскино растојание од 2.630 mm и тркала гуми 245/45R20.

PX-MiEV го задвижуваат два електромотори со вкупна моќност од 82 КС и максимален вртежен момент од 200 Nm поставени еден на предна и еден на задна оска со што се постигнува постојан погон на четири тркала.

Покрај нив под хаубата е сместен и бензински четирицилиндарец од 1.6 литри кој испорачува 115 КС и максимални 125 Nm и по потреба ги задвижува само предните тркала и служи како генератор со моќност од 70 kW.

Ново развиениот plug-in хибриден систем на Mitsubishi со автоматско префрлање на соодветниот модус на погон во зависност од условите на возење овозможува максимално искористување на енергијата од батериите и впрегнување на електромоторите или бензинецот.

На овој начин перформансите на возилото се задржуваат на високо ниво и воедно се овозможува голема автономија и ниска потрошувачка на енергија, односно гориво. Системот има 4 различни модуси на работа и препознавајќи ги возачките ситуации постојано се префрла од еден во друг модус.

Инженерите додале и два дополнителни петти и шести модус на работа кои се однесуваат на plug-in системот.

1 - EV модус. При возење со ниска или средна брзина во нормални возачки ситуации PX-MiEV го задвижува само предниот електромотор кој снагата ја испраќа до предните тркала. Меѓутоа на дожд, во услови на снег или ако се вози по било каква лизгава подлога автоматски се вклучува и задниот електромотор кој ги задвижува задните тркала. Тогаш PX-MiEV се претвора во возило со погон на четири тркала подобрувајќи ја тракцијата и стабилноста.

2 – Сериски врзан хибриден модус. Кога енергијата во батериите ќе падне под ниво кога се способни да ги напојуваат електромоторите тогаш се вклучува бензинецот која делува како генератор полнејќи ги батериите и воедно создава доволно енергија да ги задвижува електромоторите. Погонот во зависнот од условите повторно е на предни или на сите четири тркала.

3 – Паралелено врзан хибриден модус. Се вклучува при повисоки брзини кога за задвижување на возилото на електромоторите им помага и бензинецот кој е значително поефикасен од електромоторите при висок број вртежи. Во овој модус бензинецот помага и при задвижувањето на предните тркала и при полнењето на бетериите. При нагли маневри кога има тенденција возилото да ја загуби стабилноста автоматски се вклучува само задниот електромотор повторно овозможувајќи погон на четири тркала. Додека при престигнување или друг маневар каде одеднаш е потребно да се впрегне голема снага тогаш на помош се вклучува и предниот електромотор.

4 – Регенеративен модус. Се вклучува кога возилото забавува, сопира, или пак, вози по голема надолница. Тогаш кинетичката енергија од тркалата преку регенеративните електромотори кои во ваков случај се однесуваат како генератори ги полни батериите.

5 – Модус на полнење. Бидејќи и припаѓа на програмата i-MiEV, PX-MiEV поседува три начини на полнење на батериите преку plug-in системот. Тоа значи дека батериите се полнат ако се приклучени на систем од 110 V, 220 V и брз систем за полнење од полначки станици кои произедуваат напон од околу 400 V. Системот воедно има Wireless Charging Program или безжична прогрма за полнење која му овозможува на сопственикот од далеку да даде команда за да стартува полнењето на батериите на пример во период на евтина струја, или пак далечински да го вклучи електричниот клима уред за да ја разлади кабината.

6 – Модус за снабдување со електрична енергија. Модусот овозможува по потреба PX-MiEV да снабдува со електрична енергија со стандарден напон 110 или 220 волти. На овој начин во Mitubishi веруваат дека можат да се борат со глобалното затоплување. Имено паркиран во гаража и приклучен на штекер PX-MiEV вишокот на енергија во батериите може да го даде на користење на електричните апарати во домаќинството во моменти кога потрошувачката на енергија е највисока. Секако PX-MiEV може да даде електрична енергија и на пат кога тоа е потребно. Доколку батериите се испразнат во една вкава ситуација автоматски се вклучува бензинецот кој тогаш делува како генератор одржувајќи го напонот на високо ниво. Ова помага во ситуации од излет во природа, кампување, до помош во случај на некакава несреќа.

Продолжуваме. Погонот на четири тркала го контролира системот на Mitubishi, S-AWC Super All Whell Control познат од Lancer Evo X. Тука е и системот E-AYC Electric-powered Active Yaw Control којшто го разделува вртежниот момент меѓу предна и задна оска, но и меѓу задните тркала одделно со што е постигната максимална стабилнос посебно при совладување на свијоци.

За разлика од AYC кој се вградува во Lancer Evo X и кој за распределба на вртежниот момент користи спојка со повеќе ламели потопени во масло или виско спојка, E-AYC го користи електромоторот кој делува како диференцијал и го распределува вртежниот момент.

Овој систем според инженерите на Mitsubishi е далеку поефикасен и побрз во одзивот и му овозможува на возилото неспоредливо поголема стабилност во комбинација со S-AWC.

Покрај хибридниот систем и ефикасниот погон на четири тркала PX-MiEV профитира и од електронски контролираната воздушната суспензија која на возачот му нуди три висински нивоа Auto за секојдневно возење, High за на терен и Low за подобрување на стабилноста при возење на пат со високи брзини.

Внатре возилото обилува со touch-screen дисплеи од течни кристали поставени пред возачот како табла со инструменти, на централната конзола напред и посебно назад за двајцата патници кои се возат на задните седишта.

Со користењето на LCD моќно е отчитување на сите функции на возилото како и управување со истите на многу едноставен начин кој не го одземе вниманието на возачот.

Дополнително од безбедносните елементи PX-MiEV има вградено камера која будно го следи движењето на очите на возачот за да го одреди нивото на неговата концентрација.

Доколку системот препознае намалување на концентрација го предупредува возачот не само преку звучен сигнал, туку и визуелни сигнали и вибрации кои доаѓаат од седиштето и воланот. Тука не застанува будењето.

Системот го заокружува предупердувањето со испуштање на мирис со карактеристична арома која го информира возачот за ситуацијата и го стимулира да остане буден.

За постигнување на максимална концентрација приоритет за безбедно возење дизајнерите се повикале на авионската индустрија и создале кокпит по терк на авион. Дури и дизајнот на каросеријата според својата аеродинамика потсетува на авион се гордеат дизајнерите на Mitubishi.

Иако PX-MiEV според наведените карактеристики личи на автомобил на далечната иднина во Mitsubishi тврдат дека таа и не е толку далечна. Сепак, не наведуваат кога PX-MiEV, односно неговата сериска верзија би се појавила на пазарот.

 

 

 

 

Facebook