После месеци oд шпијунски фотографии и наводни официјални
слики, Mitsubishi конечно ги откри финалните детали и
фотографии за новиот Lancer Evolution X.
Автомобилот официјално стартува со продажбата денес кај дилерите
низ Јапонија со новиот S-AWC систем и со пет степен мануелен менувач. Автомобилите со
новиот SST менувач со две спојки ќе пристигнат на крaјот од ноември.
Evo X доаѓа во две спецификации. Целосно опремената GSR наменета
за регуларните купувачи кои покрај перформанси сакаат и луксуз и моделот RS кој ќе
биде основа за натпреварувачкиот автомобил во продукциска класа.
Вториот доаѓа со едноставна опрема за да се доведе
тежината на минимум. Стандардната опрема нуди школкасти седишта од Recaro, волан со
мал дијаметар и нов мултифункционален дисплеј кој нуди информации за нивото на
горивото, модусот на SST менувачот и модусот на системот S-AWC.
Една од главните опции за автомобилот е пакетот Рremium кој содржи
леснометални бандажи од 18 инчи дело на BBS и кожен
интериер.
И двата модели ги задвижува ревидираната верзија на
познатиот 2.0 литарски DOHC MIVEC турбо бензинец кој остварува 295 КС и
максимален вртежен момент од 422 Nm при 3.500 вртежи.
Новиот мотор е полесен, почист и се oдзива подобро и
побрзо на наредбата од педалот за гас. Нови значајки на моторот се алиминиумски
блок, глава и куќиште за синџирот кој ги задвижува брегастите оски, како и
турбо полнач изработен од алуминиум и титаниум.
Новиот SST менувач кој ѓе биде достапен само кај верзијата GSR на
располагање нуди автоматско или мануелно менување на степените и преку еден
мал прекинувач нуди избор на Normal, Sport и Super Sport модус на
работа. А степените се мeнуваат преку две магнезиумски палки сместени зад
управувачот.
Иако е тешко да се замисли, но управувањето, возните
својства и перформансите се значително подобрени во однос на претходникот Evo
IX МR, пред се благодарение на поцврстата торзиска структура подобрена за 40
проценти и стурктурата на свиткување која е подобрена за 60 проценти.
Сето ова значи подобри возни својства и поголема заштита
на патниците при судар, како и покомфорно возење со смалување на бучавата и
вибрациите.
Новиот автомобил исто така има поширока трага, поголемо
меѓуоскино растојание, пониско тежиште и одличен распоред на тежината.
Алуминиумот е користен за изработка на кровот, предните крила и структурата на
спојлерот одзади.
|