Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mitsubishi го открива Outlander
10.02.2012

Mitsubishi ја објави првата официјална фотографија од новата генерација на Outlander којшто светската премиера ќе ја доживее следниот месец на салонот на автомобили во Женева.

mitsubishi-outlander-official-1-2012-1

Новиот Outlander премиерно го претставува и модерниот дизајнерски јазик на Mitsubishi кој продолжува и во кабината и ја одликува со висококвалитетни материјали, поголем комфор, подобра ергономија и побогата опрема.

На пазарот во Европа Оutlander ќе носи два мотори 2.0 литарски бензинец MIVEC и дизел 2.2 MIVEC Clean Diesel. Станува збор за модернизирани мотори кои имаат значително пониска потрошувачка и емисија на јаглероден диоксид.

И двата се спарени со нов шест степен менувач и систем Auto Stop&Go. Во понуда ќе биде и новоразвиен шест степен автоматик. Вртежниот момент се пренесува на предни или на сите четири тркала зависно од изведбата.

Понатаму ќе пристигне и plug-in хибридната верзија на Outlander која ќе го носи погонот на концептот Px-MiEV со бензинец и два електромотори на задна оска кои обезбедуваат погон на четири тркала и автономија од 800 километри.

Интересно стартот на продажбата е закажан за почеток на летото и тоа само на пазарот во Русија. Кон крајот на летото, или на почеток на есента ќе го добијат и останатите пазари во Европа, САД и Јапонија.

Цените сеуште се непознаница.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook