|
26.08.2009 |
Плановите на Mitsubishi
за иднината полека се обелоденуват, а во нив влегува и
производтството на компактен SUV кој би бил создаден врз базата на концептот Concept cX
претставен пред две години.
Целта на овој проект ќе биде да му се застане на патот на
Nissan Qashqai пред се на пазарот во Јапонија каде што побарувачката за компактни SUV нагло
се зголемува.
Ова е причина плус за одговорните во Mitsubishi да побараат од своите развојни инженери да го забрзаат развојот на
автомобилот и да најават дека сериската верзија ќе се појави на пазарот во
првата половина на 2010.
Поточно стартот на производството за домашен пазар
стартува во февруари, додека купувачите во Европа ќе можат да седнат зад
воланот на компактниот SUV на почетокот од летото.
Сериската верзија на проектот кој сеуште се води по името
сХ ќе биде поставена на платформата на Mitubishi
Lancer и ќе ги носи истите бензински и дизел мотори.
Снагата преку менувачот со две спојки SST ќе се пренесува на сите четири тркала преку погон кој ќе биде дериват
на истиот тој што работи во актуелниот Outlander.
Од Mitsubishi пристигнува и информацијата дека новиот компактен SUV ќе
биде прикажан на претстјниот салон во Токио и дека неговиот дизајн ќе биде
основа за новата генерација на Outlander.
|