Get Adobe Flash player

Mitsubishi L200 работник со стил
05.03.2010

Претставен далечната 1970 пикапот на Mitsubishi кој почна скромно денес е повеќенаменско возило способно за работа во секакви услови и на секаков терен и што е најважно го краси одличен стил

mitsubishi-l200-mkd-2010-1

Првата верзија го носеше името Mitsubishi Forte во Јапонија, додека за повеќето пазари ширум светот L200 и беше создадена под влијание на Chrysler Motors, кој во 70. години од ХХ век имаше сопственички удел во Mitsubishi Motors.

Процесот на создавање на L200 траеше 8 години и во 1978 првиот пикап на Mitsubishi конечно стигна во продажните салони. Првата година биле продадени 45.000 примероци, а веќе следната 100.000 возила.

Пикапот во 1980 добива погон на четири тркала, а во 1986 поголем мотор и опција за автоматски менувач. L200 така тера до 1991 кога беше претставена првата поголема промена кај моделот која во Јапонија го смени името во Strada.

Исчезна името Forte, а со него и имиџот на лесно комерцијално возило. Mitsubishi се сврте кон новите трендови и така се роди втората генерација драстично поголема, со поголем мотор 2.5 литарски турбо дизел.

Во 1996 беше лансирана третата и воедно најпозната генерација на L200. Новиот пикап со свеж дизајн и модерен стил тргна во глобалелн фронт за освојување на светот и тоа му успеа. L200 заедно со Toyota Hilux стана најкористениот пикап на планетата

Четвртата генерација на L200 која туркаше до сега пристигна во 2006 и успеа да се етаблира на пазарот како работник со стил со кого може да се оди на градилиште, но и во театар и секако да се вози семејството.

Токму заради својот шик стил L200 успеа да ги освои и купувачите на нашиот пазар и се најде на првото место во својот сегмент со скоро 50% удел на пазарот во 2009 и 2008 година.

Сега пристигнува освежениот модел за 2010 кој задржувајќи го стилот носи поголеми димензии, модернизирани мотори и погон на четири тркала наречен Super Select 4WD.

Познатиот 2.5 литарски трубо дизел Di-D добива т.н. High-Power изведба која остварува 178 КС. Секако во игра останува досегашната верзија која по ново го носи името Mid-Power 2.5 Di-D и ослободува 136 КС.

Со помоќниот мотор L200 има максимална брзина од 179 km/h и забрзува до 100 km/h за 12,1 секунди, додека послабиот мотор го носи до максимални 167 km/h и до темпо 100 за 15,0 секунди. Просечната потрошувачка и кај двата мотори се движи од 8,1 до 8,3 L/100 km во зависност од надградбата на товраниот простор.

Верзијата со дупла кабина добива продолжен товарен простор од дополнителни 180 mm кој нараснува од 1.325 на 1.505 mm. Дополнителните сантиметри условуваат L200 да биде развлечен на 5.185 mm во должина. Широк е 1.815 mm, висок 1.780 mm со меѓуоскино растојание од 3.000 mm.

Секако оние што немаат потреба од толкав товарен простор сеуште ќе можат да ја одберат покусата опција која е долга 5.005 mm.

Погонот се избира преку класична рачка поставена до рачката од менувачот и нуди четири опции:

2WD High Range или погон назад погоден за возење низ град или на автопат кога се штеди на гориво и се смалува бучавата во кабината.

4WD High Range или погон на четири тркала за подобра тракција на лизгави подлоги како на асфалт така и надвор од него. Тогаш вртежниот момент се префрла во сооднос 50:50 предна/задна оска, но со можност да се менува во случај на пролизгување на некое од тркала. Префрлањето меѓу 2Н и 4Н може да се одвива при брзини до 100 km/h.

4HLC4WD High Range with Locked Centre Differential или погон на четири тркала со вклучена блокада на централниот диференцијал кој нуди фиксна дистрибуција на предна/задна оска во еднаков размер 50:50 и се користи за совладување на тежок терен со лизгава подлога и лоша тракција.

4LLC4WD Low Range with Locked Centre Differential или погон на четири тркала со вклучен редуктор и блокада на централниот диференцијал се користи на големи стрмнини, кал, длабок снег или ако сакате да откорнете дрво. Значи  секаде каде има лоша тракција и е потребна голема снага.

Новина кај Mitsubishi L200 за 2010 како и кај обновениот Outlander е зголемената сериска опрема во сите пакети на опременост од основниот Invite+ преку најпримамливиот Intense+ до најлуксузниот Instyle Navy A/T.

Колку за пример L200 со дупла кабина основно ниво на опрема Invite+ со послабиот мотор од 136 КС, две воздушни перници, ABS со EBD, мануелен клима уред, електрика на стакла, кожа на волан и рачка од менувач, светла за магла, леснометални бандажи од 16 инчи, Easy Select погон на четири тркала со блокада на заден место централен диференцијал, хромиран пакет... чини 19.900 евра на оваа сума треба да се плати ДДВ од 18% за физички лица.

Mitsubshi L200 Intense+ со дупла кабина и помоќен мотор од 178 КС со ДДВ чини 26.980 евра, додека врвот на понудата Instyle Navy A/T со 178 КС чини 34.480 евра.

 
Get Adobe Flash player