Конечно прецизна информација. Фотосите објавени пред два
дена всушност се однесуваат на Mitsubishi Lancer Prototype-S кој ќе биде
претставен на претстојниот салон во Женева.
Значи Mitsubishi Sportback всушност е Mitsubishi
Lancer Prototype-S кој според најавите на развојниот тим во Mitsubishi
е подготвен за во серија и неговото пристигнување во продажните салони
дефинитивно ќе се случи во втората половина на 2008.
Предвидувањата пак на тимот за маркетинг велат дека околу 70 проценти
од произведството на Prototype-S, хечбек верзија во фамилијата на Lancer, ќе ја
проголта европскиот пазар.
Пичината за ваквите предвидувања е наклонетоста на европјаните
кон автомобили со накосена здан врата која се подига и ја зголемува
функционалноста на автомобилот, заедно со задните седишта кои се преклопуваат,
плус тука е и спортскиот изглед што го претпочитаат сите оние што се грижат за
шик настап.
Како дополна за шик настапот се грижи моќниот турбо 2.0
литарец со 240 коњски сили доведен од ковачницата на Ralliart, кој во Prototype-S ќе ги
задвижува сите четири тркала преку менувач со две спојки SST и активен
средишен диференцијал.
Од ова произлегува дека Prototype-S ќе биде
достоен и практичен наследник на Evo, за жал прецизните
податоци околу перформансите и цената сеуште не се достапни. Сигурно за нив ќе
мораме да почекаме до светското деби во март.
|