Get Adobe Flash player

Mitsubishi Lancer Sportback
12.06.2008
mitsu-lancer-sportback-1.jpgMitsubishi за својот Lancer со пет врати планира светска премиера на есен на салонот во Париз. Sportback е спремен за продажба и пристигнува во салоните неколку седмици по премиерата.

Lancer Sportback исто како и седанот доаѓа со три мотори. Бензинците од  1.5 и 1.8 литри со 109 и 143 коњски сили и 2.0 литарскиот дизел со 140 коњи.

Петата врата и функцијата која во Mitsubishi ја неракуваат „auto-folding” ја зголемуваат варијабилноста на Lancer. Функцијата „auto-folding” се состои и под што може да се поддесува и на тој начин го менува волуменот од 288 до 344 литри со кренати седишта.

Кога седиштата ќе се соборат тогаш волуменот на багажниот простор се зголемува до максимални 1.394 литри.

Ова не е единствениот новитет од програмата на Lancer што Mitsubishi планира да го претстави во Париз. Покрај Sportback ќе бидат изложени и Lancer Ralliart и Lancer Relliart Sportback модели кои исто така стартуваат со продажба кон крајот на годината.

Двете спортски верзии на Lancer доаѓаат со 2.0 литарскиот турбо бензинец кој ги задвижува сите четири тркала, а снагата ја пренесува преку менувачот со две спојки на Mitsubishi, Twin Clutch SST.


 
Get Adobe Flash player