Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mitsubishi најавува нова генерација
20.01.2012

На салонот во Женева, Mitsubishi ќе претстави нов автомобил којшто ќе биде предвесник на новата глобална политика на марката и со него започнува нова ера за јапонскиот производител.

mitubishi-nov-model-1-2012-1

Од Mitsubishi не откриваат многу. Делумно откриената фотографија е поткрепена со куса најава која гласи:

„На автомобилскиот салон во Женева светот ќе ја види премиерата на стратегиски и иновативен пермиум автомобил чие производство ќе стартува подоцна во текот на 2012 година. Тој автомобил ќе го одбележи стартот на нова генерација на глобални продукти на Mitsubishi, како и на новата дизајнерска филозофија на марката.”

Целта е јасна да се создаде нова гама на автомобили, кросовери и SUV кои со дизајнот ќе му се допаднат на глобалниот пазар и воедно ќе бидат еколошки со акцент на хибридна технологија и електрика.  

Прикажаната фотографија ја открива само муцката на новиот модел на Mitsubishi заради што неможе точно да се заклучи дали станува збор за автомобил, или пак, за кросовер или SUV.

Се претпоставува дека станува збор за наследникот на Outlander, но што навистина се сокрива зад муцката на фотографијата останува да видиме во Женева.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook