Get Adobe Flash player
Mitsubishi Pajero со погон на алкохол за Бразил
22.06.2007
pajeroMitsubishi ќе го понуди на бразилскиот пазар Pajero TR4 Flex, кој вози и на бензин и на етанол. Возилото може да користи и мешавина во кој било сооднос на двете горива.


Моторот е дволитарски и соодветно е модифициран за да ги користи двата вида гориво. Електрониката на моторот се грижи за оптимална силина зависно од мешавината на која што во моментот оди возилото.

Четирицилиндарецот развива 133 КС и при работа на бензин и на етанол. Со алтернативното гориво се постигнува малку подобар цртежен момент, максимално 186 њутнметри, што е за 9 единици повеќе отколку при возење на бензин. За 2009 година Mitsubishi планира возилото да го понуди и на северноамериканскиот пазар.
 

Поврзани статии

 

 

Facebook