|
08.05.2007 |
Корпорацијата Mitsubishi Motors и трговската куќа нa групацијата Mitsubishi, започнаа заеднички проект со најголемиот јапонски производител на акумулатори GS Yuasa.
Целта на проектот е во иднина да се произведуваат литиум-јонски акумулатори со висок капацитет, наменети за вградување во автомобили. GM Yuasa има монополска позиција во масовното производство на висококапацитетни лимиум-јонски акумулатори во Јапонија. Благодарение на новиот вид на електроди и променетата структура на ќелиите овие акумулатори ќе бидат поиздржливи во споредба со сегашната генерација на акумулатори. Капацитетот ќе им биде за десетпати поголем отколку кај актуелните литиум-јонски акумулатори што се вградуваат во хибридните возила. Покрај тоа, можноста за брзо полнење ќе овозможи експанзија на возила што возат чисто на струја.
Овој заеднички проект е уште еден чекор во стратегијата за електрични возила на Mitsubishi. Новите акумулатори ќе се вградуваат во следната генерација на електричното возило на Mitsibishi, наречено i MiEV, кое треба да стартува на пазарот во 2010 година. Истовремено јапонската куќа работи и на развој на електромотори за вградување во самите тркала, MIEV = Mitsubishi In-wheel motor Electric Vehicle.
|