Get Adobe Flash player
Млекар ќе произведува биогориво
27.03.2007
cowМлекопроизводителот Theo Müller ќе ја прошири понудата со биогорива. Во претпријатието ќе почне да работи првата машина во светот за производство на биолошко гориво од меласа, која е нуспроизвод од млечна сурутка.

Од 2008 година ќе се произведуваат по десет милиони литри од еколошкиот додаток во европските горива.

„Меласата е нуспроизвод при производството на сирење. Тоа за нас е практично бесплатен производ и не прави посебно конкурентни и независни од промената на цените на житариците. Претпријатието ќе инвестира 20 милиони евра во погон за биоетанол”, објаснуваат од фирмата. Добивањето е многу просто. При производството на сирење се добива сурутка, која потоа се пречистува од белковините и лактозата. Досега производителот се ослободуваше од вишокот меласа. Со додавање на квас нуспроизводот сега зоврива во алкохол и со дестилација се раздвојува од водата и од минералите. На крајот се добива биоеталол со чистота од 99,8 проценти, што може да се користи како гориво без натамошна преработка.

 

 

 

Facebook