|
26.01.2011 |
|
Производителот од Јужна Кореа кој заедно со Hyundai е дел од во моментот најагресивната автомобилска алијанса Hyundai/Kia подготвува изненадување со својот нов компактен SUV, Sportage.

Одлучено е Kia Sportage да добие нов мотор. Моќниот турбо бензинец T-GDI кој веќе работи во Hyundai Sonata Turbo ќе се вградува и во европската верзија на Sonata, i40, а понатаму ќе го добијат и други модели и на Hyundai и на Kia.
Моторот има зафатнина од 2.0 литри, директно вбризгување на горивото, турбо натполнење и испорачува 274 КС при 6.000 врт/мин и максимален вртежен момент од 365 Nm расположиви меѓу 1.750 и 4.500 врт/мин
Снагата до сите четири тркала се пренесува преку шест степен автоматски менувач, а просечната потрошувачка според наводите на инженерите на Kia не треба да минува преку 8,0 L/100 km.
Турбо верзијата на Sportage пристигнува на пролет и прво ќе им биде испорачана на купувачите во Канада. На почетокот на летото ќе ја добијат и купувачите во САД, а на есен и европските купувачи.
|