Еден Ford GT Roush 600 RЕ по само три дневно
постоење умре во сообраќајна несреќа. Ова е третиот од лимитираната серија од
десет автомобили што ќе бидат произведени.
Несреќниот Ford GT Roush 600 RЕ како што може
да се види на фотографиите виде само три дена (мал)третирање пред неговата
сигурна смрт. Како изгледа нов можете да видите на носечката фотографија.
Моќниот ѕвер од супер лимитираната серија со 612
коњски сили не беше уште ни разработена како што треба и имаше поминато со само
819 km колку што беа забележани на одометарот.
И таман кога некој би помислил дека работите неможат да
бидат полоши, доаѓа ладен туш со фактот дека ова е еден од десетте последни
Ford GT што ја напуштија фабричката хала и беа одбрани од Roush за да станат
600 RE.
Осмената светла точка во овој метеж од искривени и
откорнати каросериски панели се моторот и менувачот за кои се претпоставува
дека останеле негибнати во сударот. Затоа се претпоставува дека срцето на
прекрасниот автомобил можеби повторно ќе заживее во некое многу посреќно
возило.
Не се познати деталите за тоа како минале последните
секунди живот на овој автомобил, но со само три дена старост јасно е дека
стапалото на сопственикот било понапред од неговите/нејзините возачки
способности.
Ова е само потсетување дека е потребно да се
запознаеме себе си и своите возачки лимити. Заради наше добро, добробит на
останатите учесници во сообраќајот и на крајот нашите автомобили.
 
|