Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Моторџиите за Христијан Илиоски
15.04.2010

По иницијатива на Бернард Дебси потпретседател на МК Гардиан Енџелс, мото порталот Мotori.com.mk започнува акција за собирање средства за помагање на Христијан Илиоски.

akcija-za-hristijan-ilioski-1

Христијан Илиоски (Кико) е освојувач на двојната круна и актуелен шампион во Источно-Европскиот шампионат во мотокрос, а годинава не настапува на натпреварите од национален и регионален карактер заради недостигот од финансиски средства.

Моторциклистичката Федерација на Македонија се обидува преку Агенцијата за млади и спорт да издејствува средства но засега безуспешно па Кико веќе пропушти две рунди од првенството.

Доколку сите вљубеници во мотоциклизмот донираат само по 100 денари, Кико ќе може да ги продолжи натпреварувањата!  Дополнително на нашите заложби веќе е договорено спонзорство од компаниите Мото Пром од Гевгелија која ќе донира сет гуми и МаксМото од Скопје која ќе ги обезбеди средствата кои ќе фалат за купување на моторцикл!

Ве молиме доколку сте во можност преку вашиот медиум да ја пренесете информацијата за акцијата и во најскоро време да му овозможиме на нашиот најдобар мотокросист да се врати на патеките и да ја претставува Македонија на Европската мото сцена.

Motori.com.mk беше основан на 13 септември 2007 со цел да се подигнe нивото на мото културата во земјава како и да се обезбеди навремено и точно информирање за сите домашни и странски настани од светот на мотоциклизмот. Порталот нуди огромен избор на корисни текстови, истражувања и информации, сервиси за посетителите како и форум со повеќе од 4500 членови.

За сите дополнителни информации барајте го Благоја Мартиновски на 077/933-379 или испратете e-mail на contact@motori.com.mk

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook