Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Можна пензија за Land Rover Defender
29.07.2011

Раководството на Land Rover размислува да го испрати тврдокорниот теренец Defender во пензија бидејќи потребите од ваков вид на возила се се помали и производството станува прескапо.

land-rover-defender-kratok-1-2011-1

Ова сеуште не е официјален став на Land Rover, но според еден од шефовите на компанијата Колин Грин иднината на сериозните теренци е не перспективна.

Дури и да се задржи во производство, Грин наведува дека Defender ќе мора да добие нови почисти мотори со кои ќе може да ги задоволи современите еколошки норми.

Само во тој случај би се продолжил животот на Defender кој воопшто не е кус ако се спореди со животот на останатите модели во автомобилската индустрија. Всушност Defender може да се спореди со диносаурус.

Неговиот животен пат почнува во 1947 годинa и со постојана еволуција актуелен е и ден денес посебно кај луѓето кои имаат реални потреби од ваков тип на возило како фармери, спасувачки служби, војска, полиција...

Според Грин во моментот постојат три можности. Да се прави нова генерација која ќе биде поставена на платформата на Discovery. Да се вградат нови мотори за да се задодолат нормите Euro 6, или Defender да се пензионира и Land Rover повеќе да не произведува таков тип на возило.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook