Садомазохистичката оргија на 67 годишниот претседател на FIA, Макс
Мозли со пет проституки повторно го сврте вниманието на светот кон мотоспортот.
Но, овој пат аферата не е шпијунска.
Влијателниот Мозли на снимката објавена од страна на весникот
News of the World е преправен во некаков командант на концентрационен
логор кој камшикува две девојки облечени во униформа за која се вели дека е
копија на облеките на затворениците во злогласниот логорот Аушвиц.
Останатите три девојки кои исто како и Мозли се облечени
во нацистички униформи глумат некаков надзор. Во целиот занес на својата улога
Мозли издава команди на германски јазик и дозволува да биде камшикуван.
Можеби тоа што го прави Мозли во приватниот живот е
негова лична работа, но сепак, станува збор за претседател на FIA и се
поставува прашањето какво влијание овој секс скандал ќе има врз светот на
мотоспортот.
Портпаролот на FIA побрза да го
огради Врховното автомобилистичко тело од постапките на својот претседател,
најавуваји дека адвокатите на Мозли ќе започнат правна постапка против британскиот
весник.
Својот став за сета оваа ситуација го даде и магот на
Формула 1, Берни Еклстоун.
„Го познавам Мозли долго време и некој да ми го кажеше
ова без да прикаже докази немаше ниту во најлудиот сон да му поверувам. Дури и
сето ова да е вистина тоа што луѓето го прават на приватен план е нивна лична
работа и секако нема да влијае врз спортот,” побрза да го одбрани својот
пријател Еклстоун.
Сепак, еден ваков скандал неможе да мине во тишина.
Можеби Мозли ќе го тужи весникот за нарушување на приватноста, но овој
наци филм на 67 годишникот ја разбранува и еврејската заедница која прикажа
докази дека таткото на Мозли, милијардерот Освалд во 1930. ја водел британската
унија на фашистите и бил личен пријател со Адолф Хитлер.
Според нив ова е навреда за милиони жртви на холокаустот,
оние што преживеале и нивните семејства. Мозли треба да се извини и да се
повлече од својата функција и од светот на мотоспротот воопшто.

|