|
Институтот за дизајн од Торино, I.DE.A претстави еден од најжешките концептни автомобили кои беа прикажани на салонот во Женева и го нарече Sofia алудирајќи на мудрите дизајнерски решенија.

Концептот Sofia е седан во облик на купе, односно ја следи модерната интерпретација на купе со четири врати и четири места за седење. Исклучителниот стил на Sofia е подржан со напредни технички решенија и погон.
Според дизајнерите од I.DE.A дизајнот на Sofia влече влијанија од италијанските автомобили од минатото, а заоблените флуидни линии кои му ја даваат бионичката форма треба да потсетуваат на облините на женско тело.
Движечката сила на Sofia е хибриден погон но од институтот I.DE.A не даваат никакви информации за него бидејќи според нив концептот е само дизајнерска и конструкторска вежба која никогаш нема да стигне до сериски модел.
Според претседателот на I.DE.A, Пијетро Лардини, Sofia ја прикажува уникатната дизајнерска филозофија на институтот за дизајн кој се подготвува за соработка со најголемите производители на автомобили во Европа, Азија и Јужна Америка.
Институтот за дизајн нуди цела лепеза на развојни активности потребни за создавање на автомобил. Од стајлинг, дизајн, изработка на модели во реална големина, изработка на прототипови, конструирање и инженеринг кои ги подготвува возилата за сериско производство.
|