Get Adobe Flash player
Mugen со нова верзија на Type R
18.02.2010

Фабричкиот тјунер на Honda, Mugen доби нова визија за тоа како треба да биде скроен и онака жешкиот Civic Type R и одлучи на пазарот да испрати екстремно лимитирана серија од само 20 автмобили.

mugen-civic-type-r-2010-1

Новиот Mugen Civic Type R има нов уникатен аеродинамичен кит со изразен спојлер поставен на предниот браник, нови прагови, дифузор во задниот браник и големо доводелно крило на задната врата превземено од RR.

Леснометалните бандажи со нов дизајн наречен Lightning или молња и дијаметар од 19 инчи и двата издувни топа поставени во краевите на задниот браник ги надополнуваат разликите во однос на серискиот Type R.

Секој од 20 произведени примероци ќе се препознава по изгравираната плочка поставена на арматурата која ќе го обележува бројот на примерокот, воедно за распознавање однадвор на задната врата ќе стои беџот на Mugen.

Во Mugen не работеле на доработка на моторот, менувачот, суспензијата и управувањето велејќи дека тие се доволно добри кај серискиот Type R и не се потребни интервенции.

Единствената измена во поглед на механиката е вградувањето на самоблокирачки диференцијал. Перфомансите остануваат исти 201 КС при 7.800 врт/мин, 193 Nm при 5.600 врт/мин, спринт до 100 km/h за 6,6 секунди и максимална брзина од 228 km/h.

Новиот Mugen Civic Type R е обоен во т.н. Championship White или шампионска бела боја со црно лакирани ретровизори. Воедно е најава за нова серија на дополнителни Mugen аеродинамики додатоци кои сопствениците на Civic Type R ќе можат да ги нарачуваат дополнително кај своите дилери.

Цената на лимитираната серија на Mugen Civic Type R ќе изнесува 44.500 европски банкноти.

 

 

 

Facebook