|
21.01.2008 |
Станува збор за екперименталена спецификација на Honda
Civic изработена од страна на Mugen во која дебитираше новиот 2.2 литарски четирицилиндарец
кој остварува 260 коњски сили.
Моторот со кодна ознака К20А кој беше претставен на
салонот во Детроит е базиран на познатиот 2.0 литарец што работи во серискиот Tyрe-R. Но,
благодарение на измените на коленастото вратило и клипните лостови зафатнината
му е зголемена на 2.157 сс.
Според инженерите во Mugen станува
збор за истиот мотор каков што е 2.0 i-VTEC, но поради
намаленото триење меѓу компонентите и редизајнираното бергасто вратило моторот
е способен да произведе максимлани 260 коњски сили.
Моторот е поставен во Civic со четири
врати кој дополнително е модификуван за максимални перформанси. Сменети се
сопирачките, суспензијата, а вграден е и новиот систем на Mugen
за надгледување на притисокот во гумите наречен I-TCMS.
Исто така многу важен сегмент каде што е подобрен
автомобилот е менувачот. Серискиот мануелен менувач е заменет со нов шест степен
секвенцијален кој менува за неверојатни 80 милисекунди. Секако автомобилот ја задржува
класичната спојка која во случајов му зложи само за поаѓање.
Измени се направени и на каросеријата. Предниот дел е
комплетно преслечен со карбон-фибер кого го има и во кабината. Дополнително за
спортско чувство зад воланот сериските седишта се заменети со тркачки кади кои
го гушкаат телото и не му дозволуваат да лизга во свијоци.
|