Наследникот
на Arnage пристигна. Bentley викендов на Pebble Beach Concours во Калифорнија официјално го претстави
својот долго најавуван модерен знаменосец Mulsаnnе.
Според најавите на одговорните во Bentley, Mulsanne сеуште е далеку од сериско производство бидејќи продажбата стартува дури
следната година. Но, затоа не е рано да се нарача за да се биде меѓу првите што
ќе седнат зад волан на овој адмиралски брод на четири тркала.
Од Bentley
се потрудија да го претстават Mulsanne како сосема нов модел, не некаква модификација на веќе временскиот Arnage. „Mulsanne не е еволуција во развојот на Arnage,
ниту негова доработка,”
истакнуваат од компанијата.
Mulsanne воедно е првиот модел на Bentley создаден самостојно и нема допирни точки со механички и други компоненти
на Volkswagen како што е случајот со гамата на Continental.
Дури и шарките што ги држат вратите се конструирани од
бел лист хартија и се направени специјално за Mulsanne, се гордеат во Bentley.
За да се задржи традицијата на Bentley многу компоненти од Mulsanne ќе се произведуваат рачно . На овој начин се овозможува да се создаде
автомобил којшто ќе биде полуксузен и поексклузивен од Arnage и
којшто воедно ќе биде далеку помодорен.
Споредбата која ја истакнуваат во Bentley за својот нов знаменосец е следна: „Mulsanne ја комбинира високата технологија на Continental со престижот на Arnage”.
Дизајнот на Mulsanne е инспириран од, како што го нарекуваат во компанијата, златното
остварување на Bentley
од 1930, моделот 8-liter. Автомобил произведен во 100 примероци
кој достигнувал максимална брзина од 160 km/h.
Дизајнерскиот тим на Bentley предводен од Дик ван Брекел создал автомобил кој нуди класичен спортски
стил изразен на современ начин и кој во секој поглед асоцира на историското
наследство на Bentley.
Под хаубата на Mulsanne ќе работи комплетно ревидираниот 6.75 литарски V8 од
серијата L на Bentley којшто веќе е познат од Arnage.
Инженерите истакнуваат дека со модернизација на агрегатот
е подигната моќноста и намалена е потрошувачката и емисијата на издувни гасови,
додека вртежниот момент би требало да остане на исто рамниште како во Arnage, 1000 Nm.
Mulsanne стои на леснометални бандажи од 21 инчи обуени во гуми 265/40 Pirelli P Zero. Дополнителни детали не се наведуваат за новиот Mulsane. Време за нив има. Секако по претставувањето на Mulsanne на салонот во Франкфурт.
|