|
На американците има нема рамни кога станува збор за автомобилски муксули. Тврдењето го докажува еден Chevrolet од 1957 кај кого под хаубата се сокрива мотор способен да испорача 1.598 КС.

Не! Не станува збор за грешка при пишување. Наведениот податок за безмалку 1.600 коњски сили е точен. Автомобилот блескаше на специјализираното автомобилско шоу Grand National Roadster Show.
Овој Chevrolet од 1957 не само што блескаше на шоуто со својата перфектно реставрирана каросерија и кабина, туку и заслепуваше како со своите 1.598 КС така и со камионскиот вртежен момент од 2.045 Nm.
Автомобилот кому му е дадено името 57 Sleeper е уникат и е изработен од специјализираната работилница за Hot Rod, Dominator Street Rods.
Сопственик на ова егзотично возило е извесен Тим Кериган основач на компанијата Red Line Oil кому очигледно не му претставувало проблем да одвои огромни средства за рачно изработениот Chevrolet.
57 Sleeper под хаубата пакува 5.4 литарски V8 која неверојатната снага ја испорачува благодарение на два турбо полначи од познатиот HKS, уникатниот издув и двата интеркулери кои, заради ограничениот простор под хаубата исполенет со огромниот мотор, масивните издувни цевки и турбо полначите, се интегрирани со ладилникот.
Моќниот систем за сопирање на оваа грдосија и по димензии и по снага ги испорачува специјализираниот производител на сопирачки системи Wilwood Engineering чии сопирачки патем се наоѓаат и на HUMMER H1, но и на тркачите од NASCAR, а уникатните леснометални бандажи ги испорачува Schott Performance.
Нема информации за перформансите на 57 Sleeper, но сигурно се шокантни подеднакво како и потрошувачката на гориво што на крај не е важна како и цената која исто така останува тајна.
|