|
18.06.2007 |
Ford ќе мора да поработи на покривот на кабриолет изведбата на Focus. Поради лошо изведените заптивки протекува вода во внатрешноста на возилото.
Продукцијата кај италијанскиот партнер Pininfarina е прекината уште од 31 мај. Добро информираните кругови тврдат дека во производството ќе мора да се користат нови, модифицирани заптивки. Сите досега продадени примероци на Focus CC и демо-возилата кај дилерите ќе мора исто така да ги добијат новите заптивки.
На форумите на интернет бројни сопственици на Focus CC пишуваат за проблемите со херметичноста на нивните возила. Во неколку досегашни случаи се спомнуваат и долги престои на возилата во сервис.
|