|
21.04.2010 |
|
Раководството на Fiat даде зелено светло за проектот од кого треба да произлезе верзија на Fiat 500 со четири врати која најверојатно ќе биде означена со наставка L или Lungo што во превод од италијански значи долго.

Целта на одговорните во Fiat е 500 Lungo да се пласира подеднакво во Европа, но и во САД каде најверојатно ќе се продава под логото на Chrysler. Идејата е Fiat 500 Lungo да им се спротивстави на модели како Opel Meriva во Европа и Scion xD во Америка.
Се очекува во новата верзија да работат помоќни мотори со оглед на поголемиот габарит и поголемата тежина како на каросеријата така и на патниците и багажот што ќе се превезуваат во неа.
Fiat ќе го постави Lungo на поголема платформа, најверојатно платформата на Grande Punto за да овозможи повеќе простор во кабината и багажникот. Иако поставен на нова платформа 500 Lungo барем однапред ќе го задржи дизајнот на 500.
Fiat 500 Lungo треба да се појави на пазарот во Европа кон крајот на следната година, а купувачите во САД ќе го добијат на почетокот на 2012.
|