|
Иако на прв поглед според фотографијата се чини дека кинезите повторно направиле плагијат работите не стојат така. Имено се работи за лиценца која е добиена директно до General Motors.

Зад приказната се сокрива потребата на General Motors да се ослободи од непотребните расходи минатата година и да најде начин да заработи некакви средства за да се подобри состојбата на веќе банкротираната компанија.
Во лоши услови на работа раководството на GM реши на кинескиот гигант BAIC - Beijing Automotive Industry Holdings Co. Ltd., да му ги продаде правата за производство на некои стари модели на Saab кој во тоа време сеуште беше во сопственост на американците.
Според договорот постигнат меѓу GM и BAIC кинезите имаат право да ги производство на старите модели на Saab, 9-3 и 9-5 и да го користат нивниот оригинален дизајн и техниката.
Првите резултати пристигнуваат неполна година по добивање на лиценцата. На претстојниот салон во Пекинг, BAIC ќе ја претстави првата кинеска верзија на Saab 9-5 кој има нова предна маска, браник и светла и го носи новото име C71.
Сеуште нема никакви детали за техниката на овој стар-нов Saab 9-5, пардон BAIC C71. Сепак, се надеваме дека од кинескиот BAIC ќе кажат нешто повеќе за автомобилот по светската премиера.
|