Get Adobe Flash player
На повидок е BMW X3 M
31.08.2010

Производителот од Минхен ниже успеси со продажбата на лутите верзии на Х5 и Х6 доработени кај домашниот специјалист M GmbH и тоа ги охрабрува истото да го сторат и со новиот X3.

bmw-x3-m-2010-1

Според наводите на еден инсајдер во компанијата баварците напорно работат на проектот кој на пазарот ќе биде понуден под името X3 M. Информацијата е директно пратена до фановите од клубот BimmerBoost.

Тие како ентузијасти пак веднаш побрзаа да го визуeлизираат новиот Х3 М според напатствијата на инсајдерот. Иако се работи за компјутерски генериран лик тие велат дека нивниот приказ на Х3 М е многу близу до оригиналот.

Под хаубата на Х3 М се очекува да работи моторот кој се подготвува за Серија 1 M Сoupe, но место неговите 336 КС моќноста на 3.0 литарскиот твинтурбо би требало да биде подигната на преку 350 КС потребни заради габаритот на Х3.

Погонот ќе биде на четири тркала преку интелигентниот систем на BMW, xDrive, а како примарен пренос на снагата ќе се користи SMG менувачот кого M GmbH го користи и кај останатите модели.

Се очекува со претставувањето на BMW X3 M баварскиот производител да ја најави и М верзијата од нивниот најмал кросовер BMW Х1. Пристигнувањето на пазарот на Х3 М не се очекува пред крај на следната година.

 

 

 

Facebook