Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
На повидок е нова BMW Alpina B7
23.12.2008
bmw-alpina-b7-2009-1.jpgBMW објави цртеж на новата генерација на Alpina B7 која ќе се произведува на основата на новата Серија 7. Во моментов нема други информации освен објавениот цртеж.

Доколку се водиме според цртежот може да се заклучи дека новиот В7 има карактеристичен дизајн за еден модел на типичен за легендарната Alpina кој се заснова на дизајнот на оригиналниот модел со минимални дискретни додатоци.

Тука е предниот спојлер вклопен во новиот браник кој на ликува на испрчена усна и му додава доза на агресивност на В7. Дополнително одзади е вграден дискретен спојлер, а во предните крила се наоѓаат отвори за одвод на топол воздух врамени со хром.

Секако преработката на една Alpina не би била целосна без специфичните леснометални бандажи со 20 краци и накитени со неизбежниот беџ на тјунерската куќа.

Актуелниот B7, најголемиот модел на Alpina е направен на основата на актуелната Серија 7 на BMW, претставена на втората фотографија, и носи бензински V8 со зафатнина од 4.4 литри кој остварува максимални 500 коњски сили доволни за спринт до 100 km/h за 4,9 секунди и максимална брзина од 300 km/h.

Се очекува новата генерација на B7 која ќе се појави во 2009 да нуди уште подобри возни карактеристики и перформанси од актуелниот модел.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook