|
Peugeot подготвува нов седан кој ќе претставува спој меѓу своите автомобили од различни сегменти 407 и 607 и ќе го носи името 508, а информацијата доаѓа директно од шефот на PSA.

Новиот 508 дизајнерски ќе претставува хибрид меѓу лимузинските линии на 607 и малку поагресивниот дизајн на 407. Peugeot 508 би требало да биде елегантен седан со силуета на купе, слично на концептот RC.
Најверојатно идејата на одговорните во Peugeot е 508 да се вклопи во трендот на „купе со четири врати” кој ја зафати автомобислката индустрија.
Шефот на PSA Peugeot Citroen, Филип Варен, изјавил дека одделот за развој и дизајн на Peugeot напорно работи на ова ново автомобилско остварување и дека концептот ќе го видиме на салонот во Париз в година, а сериската верзија ќе ја доживее светската премиера на салонот во Женева во март 2011.
За сега тоа се единствените информации кои пристигнуваат од Peugeot за нивниот нов седан 508. Дополнителни детали следат. Она што се очекува е новиот седан на Peugeot чија ознака ќе почнува со бројот 5 да биде успешен како својот претходник 505.
Имено 505 беше последниот модел на Peugeot чија ознака почнува со 5 и беше претставен во далечната 1979. Но, без оглед што беше претставен пред 30 години 505 продолжи да се произведува до 1995 во Аргентина, а до 1997 во Кина.
Иако во поодминати години 505 беше еден од најпопуларните автомобили во овие две држави пред се поради својот елегантен дизајн. Не се знае колку 508 ќе наследи од својот претходник, но ако носи олку елегантен дизајн тогаш успехот ќе биде загарантиран.
|