|
02.02.2012 |
|
Веќе подолго време најавуваниот малечок кросовер на Peugeot, моделот 2008, сигурно влегува во сериско производство и според најавите треба да се појави на на пазарот во 2014 година.

Peugeot се подготвува со 2008 да ја засени конкуренцијата која пред се доаѓа од Nissan Juke, а во иднина и од Оpel Mokka и од Ford Ecosport. Техниката покрај вообичаената погонска група ќе носи и хибриден систем.
Под хауба ќе работат дизелите 1.4 HDi со 90 КС и 1.6 HDi со 110 КС со систем Start&Stop, а од бензинците тука се 1.4 VTi со 95 КС и 1.6 VTi со 120 КС и секако 1.6 THP со турбо натполнење и 156 КС.
Се спомнуваат и помали мотори. Toa се бензинци 1.0 VTi со 68 КС и три цилиндри и 1.2 VTi со четири цилиндри и 85 КС. Хибридната верзија пак ќе го носи системот од Peugeot 3008 Hybrid4 со дизел и електричен мотор.
|