|
20.12.2011 |
|
Chevrolet ги прикажува првите фотографии и официјални податоци за жешката изведба на Aveo која ќе ја носи наставката RS и ќе доживее светска премиера на салонот во Детроит во јануари.

Под хаубата на лутиот Aveo RS работи четирицилиндричниот трубо бензинец од 1.4 литри кој истискува 138 КС и максимален вртежен момент од 200 Nm кои се испраќаат кон предните тркала преку шестстепен менувач.
Перформансите сеуште се сокриваат, но затоа се знае дека Aveo RS стои на леснометални бандажи од 17 инчи, изменет преден браник обликуван со нови светла за магла, нов заден браник со двојни издувни цевки и голем спојлер на кровот.
Внатре стои нов волан и спортски педали од алуминиум. Сеуште нема информација точно кога ќе се појави на пазарот, но секако се очекува в година. Останатите информации за Aveo RS следат по премиерата.
|