Get Adobe Flash player
Најава за Peugeot 309
19.07.2010

Најверојатно ова е првиот поглед на новиот компактен Peugeot. Станува збор за наследникот на 308 кој следствено ќе ја носи бројката 309 и е објавен во еден француски магазин за автомобили.

peugeot-309-2010-1

Се претпоставува дека претставениот автомобил на скенираната фотографија е изработен во глина во вистинска големина, односно размер 1:1 и претставува макета на која се финализира дизајнот на крајниот продукт.

Секако дизајнот е во почетна фаза на изработка, бидејќи до појавувањето на наследникот на 308 има уште многу, а автомобилот се работи под раководство на шефот на дизајн на Peugeot, Жил Видал.

Она што е јасно од прикажаната фотографија е дека 309 ќе го наследи новиот корпоративен изглед на Peugeot кого марката го претставува преку новиот 508.

Забележлива е истурената муцка со масивна решетка на ладилникот ставена во прв план, големите испакнувања во долниот дел на браникот, хаубата со вдлабната средина и силно закосени и тесни предни светла.

Задниот дел од автомобилот не е претставен, но можат да се забележат силно испакнатите крила и светла кои како кај 308 SW се тесни и завлегуваат во горниот дел од задното крило.

Иако не е сигурно дека новиот 309 ќе личи како претставениот автомобил, сепак се добива барем привидна слика за идниот компакт на Peugeot кој според проценките на пазарот треба да се појави во 2013.

 

 

 

Facebook