Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Најавен новиот Mitsubishi Colt
01.12.2011

Mitsubishi на домашен терен, на салонот на авотмобили во Токио, го претстави својот нов пулен меѓу малите автомобили Mirage чија комерцијализација е планирана да почне следната година.

mitsubishi-mirage-colt-1-2011-1

Mitsubishi Mirage ќе биде глобален автомобил и се очекува до средина на 2012 година да пристигне и во Европа каде ќе се продава под востановеното име Colt. Mirage/Colt е скорен така за да им се допадне на луѓето низ цел свет.

Не е сигурно колку еден ваков заоблен и исчистен дизајн ќе има се допадне на пребирливите купувачи во Европа, но целта на дизајнерите била да се создаде многу простор во внатрешноста за комфорен превоз на пет патници.

Внатре преовладува едноставност. Масивната арматура ја краси едноставна централна конзола со голем мултифункционален екран од течни кристали отпорен на допир и под него командите од клима уредот.

Пред возачот се наоѓа огромен брзиномер обрабен со хромиран прстен и до него се преклопува мал бројач на вртежи. Останатите информации се појауваат на дисплејот сместен од другата страна на брзиномерот.

Под хауба на Mitsubishi Mirage/Colt работи 1.0 литарски трицилиндарец со променливи фази на отворање на вентилите, директно вшприцување на горивото и систем Start&Stop.

Mitsubishi не говори многу за новиот мотор. Моќноста и вртежниот момент остануваат непознаница, но затоа е нагласено дека потрошувачката е во рамките на 3,3 l/100 km, а емисијата на јаглероден диоксид е 84,7 g/km.

Комерцијализацијата на Mirage/Colt ќе започен во Тајланд во текот на месец март 2012 година, а потоа продажбата полека ќе се раширува низ цел свет. Детални информации се очекуваат.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook