Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Најавена премиерата на VW Up!
22.08.2011

Volkswagen за салонот на автомобили во Франкфурт ја најавува премиерата на сериската верзија на долго очекуваниот модел Up! и заедно со најавата открива неколку информации врзани за него.

vw-space-up-koncept-1-2011-1

Првичната информација дека Up! ќе се појави на 22 август останува да виси во воздух, или барем така се чини, бидејќи VW токму на денешен ден ги објавува првите официјални детали и ја најавува премиерата.

Иако ликот на Up! кој се смета за идеолошки наследник на Lupo нема значително да се разликува од оној на концептот големи промени се случуваат по ламарината. Имено техниката ќе биде сосема поинаква.

VW го поставува серискиот Up! на новата модулaрна платформа MQB – Modularen Querbaukasten каде за разлика од концептот механичките компоненти се поставени на класичен начин.

Имено моторот е поставен напред, а погонот е на предни тркала со што се ослободува многу простор во кабината и во багажникот. Под хауба ќе работат голем број на мотори бензински и дизели со три и со четири цилиндри.

Сите ќе имаат директно вшприцување на горивото и турбо натполнење. Подоцна се очекува и електрична верзија. Прво ќе се појави изведбата со три врати, а подоцна и просторна варијанта Space Up! прикажана на фотографијата.

За сега толку во одборојување на деновите до премиерата очекуваме нови детали за малечкото на VW.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook