Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Најавениот Bravo Crossover оди во серија
08.05.2009
fiat-cx-over-1.jpgНа есен минатата година Fiat некако под рака протна информација дека од неговите погони во Торино наскоро на пазарот ќе се појави кросовер кој ќе биде поставен на плaтформата на актуелниот Bravo.

Новиот модел ќе го носи името CX-Over или Crossover и ќе биде значително поголем од актуелните модели на Fiat со погон на четири тркала, Panda 4x4 и Sedici и ќе нуди поголема варијабилност.

Според најавите од Fiat новиот кроcовер е биде долг околу 4.5 метри што е вистинска големина за лесно справување со градскиот метеж, понуда на висока доза на комфор за долги патувања и секако добри теренски карактеристики со кои треба да застане на врвот од класата.

Fiat со претставување на CX-Over како што пишувавме тежи да ги загрози актуелните модели на Nissan и на Ford, поточно Qashqai и Kuga. Што значи голема е веројатноста тој да има возни карактеристики на еден SUV и простор и практичност во кабината на еден моноволумен.

Одговорните во Торино се надеваат дека CX-Over преку ноќ ќе стане популарен семеен автомобил за работа и за слободно време.

Премиерата се очекува некаде следната година, најверојатно на салонот во Женева, по што би стартувала и продажбата. Во Fiat не бегаат ниту од цената. Таа би требала да стартува од околу 22.000 евра.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook