Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Најавено релито Gumball 3000 за 2008
26.02.2008
gumball-3000-2008.jpgРелито Gumball 3000 продолжува со својата традиција на беснеење низ патиштата ширум светот и покрај трагичниот настан што се случи лани кај нас кога загинаа недолжни учесници во сообраќајот.

Фановите на релито едвај чекаа организаторите да ја објават маршрутата за годинава, јубилејна за Gumball 3000 бидејќи релито слави 10 години постоење.

Стартот е на 9 август во Сан Франциско. Потоа учесниците продолжуваат да возат јужно по западниот брег на Америка и запираат во Сан Диего. Понатаму возат до Лас Вегас и се префрлаат со авиони во Кина 8 дена пред почетокот на летните Олимписки игри во Пекинг.

Се очекува на стартот да се појават 120 учесници кои во Кина заедно со нивните автомобили ќе бидат пренесени со три транспортни авиони Antonov, а на својот пат кон Пекинг релито ќе помине и низ Северна Кореа како дел од глобалната иницијатива за развивање на пријателските односи.

И повторно релито се ограничува само на богатите учесници бидејќи тарифата за учество изнесува 60.000 фунти по автомобил во кои влегуваат сите трочоци во текот на осумте дена. Секако тука не влегуваат евентуалните казни.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook