Get Adobe Flash player
Најекономичниот автомобил на светот
22.09.2009
volkswagen-l1-2013-1.jpgСе работи за концептот Volkswagen L1 еден од највпечатливите автомобилски примероци изложени на салонот во Франкфурт, хибрид способен да вози двајца патници сместени еден зад друг.

Volkswagen L1 го задвижува комбинација од малечок класичен турбо дизел TDI со зафатнина од 0.8 литри кој во Eco модус на работа остварува 27 КС, додека во Sport модусот снагата се зголемува на максимални 39 КС и во двата случаи при 4.000 врт/мин.

Максималниот вртежен момент на турбо дизелот изнесува 100 Nm при 1.900 врт/мин. На класичниот мотор му се приклучува и електромотор со моќност од 14 КС и способен да го зголеми вкупниот вртежен момент за околу 40%.

Електромоторот е дел од системот старт/стоп и е сместен меѓу класичниот мотор и менувачката кутија, а енергијата ја добива од литиум-јонски акумулаторски батерии.

Турбо дизелот снагата ја испорaчува на задна оска преку 7 степен DSG менувач, а самиот агрегат е дериват на новиот 1.6 литарски TDI којшто работи во Golf BlueMotion.

Сето ова е доволно за L1 да оствари максимална брзина од 160 km/h во Sport модусот и забрзување до темпо 100 за 14,3 секунди. Притоа во просек да потроши 1,38 L/100 km со ниска емисијата на СО2 од 36 g/km.

Релативно високата максимална брзина и ниската потрошувачка се должат и на одличната аеродинамика на L1, но и на малата тежина. Volkswagen L1 може да се пофали со екстремно низок коефициент на отпор на воздух од Cd 0.195 кој како што истакнуваат од Волфсбург се граничи со тој на авион.

Ниската маса е дополнителен фактор во поглед на штедливоста. L1 тежи само 381 kg благодарение на каросеријата изработена од карбон-фибер која само по себе тежи 124 kg.

L1 своите перформанси им ги одлжи и на компактните димензии со должина од 3.813 mm, слична на должината на VW Fox, ширина од 1.200 mm и висина од 1.143 mm еднаква нa висината на еден Lamborghini Murcielago.

Volkswagen L1 има резервоар од 10 литри доволни за автономија од околу 670 km што е подобро и од современите скутери и способен е на куси растојанија да вози исклучиво на електричен погон.

Иако претставен како концепт, L1 нема да му припаѓа само на светот на идеите. L1 станува јаве, а од Volkswagen велат дека тоа ќе се случи во 2013.

 

 

 

 

Facebook