Get Adobe Flash player
Најмоќниот хибрид на светот
14.08.2009
bmw-x6-active-hybrid-1.jpgТоа е BMW Х6 ActiveHybrid кој благодарение на хибридната технологија успева да ги одржи преформансите на високо ниво својствено за баварските модели и прикажува свест за чување на околината.

Максимална моќност на здружениот систем од 4.4 литарскиот V8 битурбо бензинец и два електро мотори изнесува 485 КС со вртежен момент од 780 Nm со кои BMW фрла во сенка врз конкурентите од соседниот двор Mercedes, но и јапонскиот Lexus.

Ако се разгледа моќноста на системот составен од бензинец и два електромотори одделно таа изгледа вака. Бензинецот со помош на двата турбо полначи истискува 407 КС од 5.500 врт/мин до 6.400 врт/мин и максимален вртежен момент од 600 Nm од 1.750 врт/мин до 4.500 врт/мин.

Додека двата синхронизирани електромотори кои се напојуваат од пакет на метал-хидрид акумулаторски батерии ослободуваат моќност од 91 КС и вртежен момент од 260 Nm и 86 КС и вртежен момент од 280 Nm.

Наведените податоци се доволни на BMW Х6 ActiveHybrid да му го донесат приматот најмоќниот сериски хибрид на светот кој е способен до 100 km/h да спринтува за околу 5,6 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 236 km/h или 250 km/h со опционалниот спорткси пакет на опрема.

Возењето само на електрична енергија е возможно до брзина од 60 km/h. Тогаш бензинецот се вклучува автоматски, но исто така автоматски се исклучува кога брзината ќе падне на 65 km/h.

Секако на штедењето на гориво не му годи поголемата тежина на хибридот поради оптоварувањето од дополнителните електро мотори и тешкиот пакет на акумулаторски батерии. BMW Х6 ActiveHybrid е за 90 kg потежок од истиот бензински брат.

Просечната потрошувачка на BMW Х6 ActiveHybrid притоа изнесува 9,9 L/100 km со емисија на СО2 од 231 g/km. Наведениот резултат во заштедата на гориво и емисија на СО2 е за 20% понизок отколку кај само бензинската верзија која ја задвижува споменатиот 4.4 литарец.

Покрај хибридниот погон заштедата на гориво се постигнува со помош на системот старт/стоп кој се вградува и кај помоќниот брат близнак на BMW Х6 ActiveHybrid монструмот Х6 М.

Што се однесува до возната динамика и комфор Х6 ActiveHybrid не се разликува од останатите верзии на Х6. Интелигентниот погон на четири тркала на BMW, xDrive овозможува варијабилна испорака на вртежниот момент на предна и задната оска поткревајќи го нивото на возната динамика уште повисоко.

Проблемот со позиционирањето на пакетот акумулаторски метал-хидрид NiMH е решен без да се жртвува волуменот на багажникот. Имено тие се сместени под подот на багажникот и покрај напојувањето на двата електромотори ја напојуваат со електрична енергија целата мрежа на системи во автомобилот.

Што се однесува до суспензијата таа напред е идентична како останатите верзии на Х6, додека назад е сменета заради сместувањето на батериите. Сепак, менувањето воопшто не влијаело на возните својства.

Напротив. Инженерите на BMW успеале да ги надминат проблемите кои ги предизвикува дополнителната тежина на електромоторите и батериите и му поклониле на Х6 ActiveHybrid одлични динамички карактеристики.

За да се одржи тежината на разумно ниво Х6 ActiveHybrid носи полесни сопирачки. Вентилираните дискови имаат дијаметар од 385 mm напред и 345 mm назад. Нив ги зафаќаат алуминумски сопирачки клешти кои во себе носат и алуминиумски клипови.

Со користењето на алуминумска легура сопирачкиот систем ги задржал своите супериорни карактеристики и воедно според наводите од BMW тој е екстремно отпорен на прегревање и на т.н. фејдинг.  

Движењето на токот на енергија како и кај останатите хибриди на денешницата може да се следи на централен дисплеј кој воедно го прикажува и нивото на наполнетост на батериите.

Преку него возачот со одбирање на соодветната опција може да одлучи дали сака да вози само во електричен модус или пак сака да го прекине за да ужива во максималната снага и перформанси.

Визуелно Х6 ActiveHybrid на прв поглед се разликува од останатите верзии на Х6 благодарение на големото испакнување на хаубата под која се сокрива моќната енергана.

Понатаму знак на распознавање се и посебно дизајнираните леснометални бандажи кои го смалуваат отпорот на воздух, а можат да се добијат со димензија од 19 инчи сериски или со доплата за димензија од 20 инчи.

Дополнително Х6 ActiveHybrid ќе се разликува и по уникатната метална боја создадена само за него која во BMW ја нaрекуваат Bluewater Metallic. Истата нема да биде на располагање за останатите верзии на Х6.

 

 

 

 

Facebook