Get Adobe Flash player

Најмоќниот Golf на сите времиња
16.09.2009
volkswagen-golf-r-2010-1.jpgVolkswagen го претстави Golf R најмоќниот сериски Golf во историјата на моделот предизвикувајќи ги љубителите на жешки компакти со ветувањето дека наследникот на R32 има со што да се пофали.

Интересно е што во Volkswagen го напуштат алфанумеричкиот систем на ознаки за својот најмоќен и најбрз компакт. Па така место ознаката R32 купувачите во 2010 ќе можат да го добијат најмоќниот Golf само со ознака R. Значи ништо од најавената ознака R20 T.

Но, покуса ознака не значи и помалку коњски сили и послаби перформанси. Напротив. Помпезно најавениот Golf R ослободува дури 270 КС од својот 2.0 литарски турбо бензинец што е 20 КС повеќе од претходникот R32.

Воедно моторот ослободува максимален вртежен момент од 350 Nm расположиви меѓу 2.500 и 5.000 врт/мин испраќајќи го до сите четири тркала преку сериски мануелен или со доплата DSG менувач.

Љубителите на сонорниот атмосферски V6 од 3.2 литри можеби ќе бидат разочарани, но ќе мора да се помират со фактот дека Volkswagen се откажува од големата зафатнина со цел подобрување на економичноста.

Според фабричките податоци R32 во просек трошеше по 10,7 литри на секои 100 иаминати километри, додека R и неговиот 2.0 TSI во просек трошат 8,5 L/100 km што претставува заштеда од 2,2 L/100 km безоловен бензин или изразено во проценти дури 21% помалку.

Дополнителна предност на Golf R како што велат инженерите од Волфсбург е огромниот потенцијал за тјунирање но тоа беше одлика и на R32.

Со 270 КС погон на четири тркала и мануелен менувач Golf R до темпо 100 спринтува за 5,7 секунди. Верзијата со опционален DSG е уште полута симнувајќи го времето за спринт до 100 km/h на 5,5 секунди.

И кај двете верзии максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

Без оглед на официјалното претставување од Volkswagen многу малку откриваат од деталите на Golf R. Се истакнуваат уникатните леснометални бандажи, новите задни светла со LED технологија како и LED светлата за возење дење напред.

Golf R има значително поагресивен стајлинг и од стандардниот Golf VI и од Golf GTI кој се огледува во новиот преден браник со големи отвори за довод на ладен воздух и новиот заден браник со интегриран дифузор и двојни издувни топови поставени централно.

Првите примероци во салоните ќе се појават на почетокот на 2010, но од Volkswagen најавуваат дека нарачките ќе почнат да се примаат кон крајот на годината. Цената сеуште не позната.

 

 
Get Adobe Flash player